Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец кој беше пријавен за исчезнат е најден мртов

Скопјанец кој беше пријавен за исчезнат е најден мртов

31-годишен скопјанец кој од јуни се водел како исчезнат e најден мртов. 

Во Полициската станица Драчево вчера во 20.30 часот е пријавено дека во селото Драчево, на патот кон место викано „Три круши“, е пронајдено тело на починато машко лице. На телото немало траги на насилство.  Полициски службеници излегле на местото и е утврдено дека се работи за В.Д.(31) од Скопје, за кој на 1 јуни е пријавено дека се оддалечил од домот. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Слично

Поврзани вести