Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец ја претепал сопругата оти не сакала да гледа ТВ со него

Скопјанец ја претепал сопругата оти не сакала да гледа ТВ со него

Еден граѓанин на Скопје ја претепал својата сопруга во дневната соба на семејната куќа само затоа што не сакала да гледа ТВ со него.

Иако двајцата сопружници се во бракоразводна парница, жената ја користела дневната соба во текот на процесот.

Таа на полицијата и раскажала дека нејзиниот маж влегол околу 20:45 часот да гледа ТВ а дека таа му рекла оти е уморна и ќе оди да спие во другата соба. Меѓутоа, тогаш тој ја фатил за коса и почнал да ја удира и шамари по главата и лицето, за да на крај ја фрли на под и продолжи да ја тепа.

Жената успеала да избега и побарала помош, а тогаш мажот и ја фатил и и ја затворил устата со рака за да не се слуша нејзиното плачење.

Во тој момент наишол и нивниот син и го оттурнал од неа. Човекот влегол во куќата и излегол со палка во раце, но кога забележал дека соседите се тука, тој ја фрлил палката во двор и влегол во куќата.

Жената е хоспитализирана, а мажот бил повикан во полциска станица.

Слично

Поврзани вести