Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец ја претепал бремената сопруга, а потоа плодот починал

Скопјанец ја претепал бремената сопруга, а потоа плодот починал

Основното јавно обвинителство објави дека скопјанец и нанел тешка телесна повредна на својата бремена сопруга, чиј плод подоцна починал, по што е побарано од судот да одреди притвор за насилникот.

„На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.

Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.

Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.



Слично

Поврзани вести