Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец и Бугарин лепеле плакати со политичка содржина

Скопјанец и Бугарин лепеле  плакати со политичка содржина

Во Скопје, Бугарин и скопјанец лепеле плакати со политичка содржина, соопшти полицијата. 

Вчера во 23.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје е забележан автомобил „фолксваген кеди“, со бугарски национални ознаки, а лицата кои биле во него лепеле плакати на автобуската постојка. Полициски службеници излегле на местото и е утврдено дека се работи за плакати со политичка содржина. Возилото е пронајдено на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, а во него се затекнати С.В.(31) од Бугарија и Д.С.(26) од Скопје. Полицијата при преглед на возилото пронајде исти такви плакати.  Полицијата работи на расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести