СКОКОТЛИВИ ПРАШАЊА ЗА ЏАФЕРИ: Во српско интервју го прашаа за односот со Груевски
Шефот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е во посета на Република Србија.
Медиумите заинтересирани за целата ситуација на Република Македонија, побараа интервју од Талат Џафери.
Во интервју за српската телевизија N1, новинарката се обиде да допре до некои есенцијални и скокотливи теми како на пример дали Џафери е во добри односи со Никола Груевски, во чијашто влада тој беше министер за одбрана. На што кажа дека тој нема проблем со никој лично.
„Како тогаш го коментирате тоа што и физички Ве нападна во текот на расправата за Законот за јазиците“, го праша новинарката.
– Тоа е резултат на психолошката криза во смисла на тоа во каква состојба се наоѓа моментално ако се земе предвид сите кривични дела и постапкти што се водат против него, како и тоа што на вонреден конгрес го отстапи местото претседател на партијата. Сметам дека тоа е одраз на лична криза, не можел да се контролира во дадениот момент. Јас реков, дека на таа седница очекував сѐ, но никако не очекував дека Никола Груевски ќе биде тој што така ќе реагира – кажа Џафери.
Тој исто така беше прашан и за коментарот на Воислав Шешељ којшто за Џафери рече дека е терорист. Претседателот на Собранието одговори дека нема потреба да одговара на никој зошто во Србија дошол на покана на институцијата Парламент, а не на некоја политичка партија.
