Скокнаа акциите на Макошпед, компанија која три години не дели дивиденда
Акциите на шпедитерската компанија Макошпед во последните неколку дена бележат поголем скок на вредноста, односно се вратија на истото ниво постигнато на почетокот на месецот по што следеше пад до 152 денари по акција.
Вчерашната трансакција придонесе повторно акциите на Макошпед АД Скопје да се качат на вредност од 190 денари за една акција. Во оваа трансакција купени се 47 обични акции со право на глас со просечна цена од 178 денари за една акција.
Макошпед и покрај тргувањето со акции во последните три години нема поделено дивиденда.
Макошпед според последно објавениот финансиски извештај за 2017 години заклучно со крајот на третиот квартал работи со загуба од 38 илјади евра што е многу лош резултат споредено со истиот период за годината претходно кога имал добивка од 213 илјади евра.
