СКЛУЧИЛА ДОГОВОР ЗА ТАМПОНИРАЊЕ ПАРЦЕЛА ЗА КОЈА ИМАЛО МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА - кривична за директорка на „Галичица“
Поднесена е кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“, објави Министерството за внатрешни работи, од каде посочуваат дека таа склучила договор за тампонирање на парцела за која општина Орхид имала времен мораториум за градба.
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа - Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за кој простор општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни активности, согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на охридскиот регион - се посочува во објавата на МВР.
Слично
