Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

Нова кривична пријава за работењето на поранешниот директот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, поднесе Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство. Осомничен е за злоупотреба на службена должност, а како што појаснуваат од урпавата, ова обвинение е за склучен договор за закуп на простории за потребите на акционерското друштво кои не биле соодветни и не биле согласно условите наведени во објавениот јавен повик, а цената за закупот била двојно повисока од реалната пазарна цена.

- Пријавениот П.Б во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по цена за метар квадаратен која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое преставува посебен услов предвиден во јавниот повик. 

Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик - деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 метри квадратни и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 метри квадратни иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 метри квадратни. Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 метри квадратени од објектот што е предмет на закуп - појаснуваат од управата за финаниска полиција.

Од финансиска полиција појаснуваат дека пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година. 

Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по метри квадратни иако во тој период цената за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2,5 до 4,5 евра. Исто така, деловните простории  не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот - деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија.  

- На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на  деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари, се вели во соопштението од Управата за финсиска полиција. 

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари, 

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. 

Двете лица се недостапни за органите на прогонот.

За новата пријава против Бајрами се огласија и од Обвинителство, од каде накратко соопштија дека ја примиле пријавата и веќе постапуваат по истата. 

- Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата. Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на пргонот и по него се трага со националана и меќународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази - се наведува во објаснувањето од ОЈО. 

Слично

Поврзани вести