Економија, финансии, бизнис

Контакт

SkiMacedonia: Полицијата ги отстрани ренџерите на Националниот парк Шара од местото на настанот

SkiMacedonia: Полицијата ги отстрани ренџерите на Националниот парк Шара од местото на настанот

Шпекулантско базично новинарство, базирано на еуфорија и сензационализам во корелација со несовесни лица од новопечениот Национален парк ги нарушуваат децениските туристички релации на Попова Шапка, каде фирмата која макотрпно управува со фрирајд операциите на Шар Планина речиси 20 години опслужува повеќе од 1500 странски скијачи секоја сезона, објави SkiMacedonia.

„Скијањето со ратрак е изолиран и супер специјализиран туристички производ далеку од очите на македонската јавност, но сепак на видното поле на туристичките работници и најважно светската скијачка сцена долги години наназад.  Поминале бројни патеписци и продуценти од познати и непознати медуми, угледни и авторитетни специјализрани травел магазини. Скијачки великани од Северна Америка, Западна Европа и Скандинавија. Направена е невидена афирмација на Македонија и Шар Планина деценија наназад преку бројни насмeани лица, задоволни странски авантуристи скијачи, дипломати, амбасадори и македонски домашни гости. Повеќето туристички капацитети односно хотели како и многу локално население директно и индиректно живеат токму од овој оператор и тие гости. И сега наеднаш имаме некоја нова ултра бирократска институција каде наеднаш под превезот на екологија, биодиверзитет им смета се или сакаат да маваат таму каде што навидум некој може да трпи ќотек. Паралелно дозволувајќи загадување , сеча , градење диви објекти насекаде низ планината.

Во однос на најважната медиумска драма што се случи утринава каде операторот беше спречен заедно со странските гости да излезе на терен важно е да се напомене,  не е точно дека полицијата интервенирала поради загрозување на безбедноста од страна на операторот. Напротив, полицијата беше повикана по дојава на самиот оператор, поради незаконско и присилно постапување на терен, по што ренџерите беа отстранети од местото на настанот, а не обратно“, се наведува во текстот. 

Се додава дека операторот постапувал согласно доставениот допис од Национален парк Шар Планина и нивниот официјален тарифник, врз основа на кој, по барање на самата установа, е извршена авансна уплата во износ од 5.000 евра, со образложение дека установата е самофинансирана и нема друг редовен прилив на средства.

Слично

Поврзани вести