Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скендер Реџепи го прифаќа предизвикот на Никола Мицевски?

Скендер Реџепи го прифаќа предизвикот на Никола Мицевски?

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, објави ТВ21.

Како што дознава телевизијата, во седиштето на Алтернатива попладнево се разговара за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму произлегува како можна опција уривањето на владата. Реџепи претходно изјави дека бил „прелажан“ да се потпише на иницијативата за ново парламентарно мнозинство во која се вклучени и пратениците на Левица. Тој дури рече и дека ќе ја напушти партијата и ќе го врати пратеничкиот мандат, пред да гласа за недоверба на владата заедно со Левица, која според него е антиевропска, анти-НАТО и антиалбанска партија.

Никола Мицевски, координаторoт на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го повика пратеникот Скендер Реџепи да им се приклучи да ја урнат Владата. 

Слично

Поврзани вести