Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКЕНДЕР РЕЏЕПИ: Ако Алтернатива одлучи да го прифати потписот заедно со Левица, ќе ја напуштам партијата и ќе го вратам пратеничкиот мандат

СКЕНДЕР РЕЏЕПИ: Ако Алтернатива одлучи да го прифати потписот заедно со Левица, ќе ја напуштам партијата и ќе го вратам пратеничкиот мандат

Пратеникот Скендер Реџепи - Зејди, гостувајќи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села му кажал дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство.

„Зијадин Села ми рече дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство. Јас мислев дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, бев прелажан. Народот кој ме гласал не ми дал мандат да седнам на иста маса со Левица која е антиалбанска партија, анти НАТО и анти ЕУ“, порача Реџепи.

Тој беше дециден дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата, а најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.

„Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи за ТВ21.

Фактор објави за математиките околу новото парламентарно мнозинство, и дали во четврток ќе се изгласа недоверба на Бладата.

Слично

Поврзани вести