Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скапиот Копаоник ги „брка“ туристите: Банско станува скијачки хит поради пониските цени

Скапиот Копаоник ги „брка“ туристите: Банско станува скијачки хит поради пониските цени

Сè поголем број српски туристи, разочарани од високите цени во домашните зимски центри, особено на Копаоник, сè почесто ја насочуваат својата празнична и зимска пауза кон соседните земји. Според туристичките извештаи и искуствата на посетителите, Бугарија, а пред сè Банско, се наметнува како една од најпосакуваните алтернативи.

Иако Копаоник и понатаму важи за најпознат српски скијачки центар, туристите сè почесто се жалат дека високите цени за сместување, храна и пијалаци значително го оптоваруваат семејниот буџет. Токму тоа ги тера многумина да побараат поповолна, но квалитетна замена.

– Повторно избравме планина која е оддалечена само пет часа возење од Белград – Банско. Има одлични услови за скијање, патеки за професионалци, но и за рекреативци, а цените се далеку поприфатливи – изјави за агенцијата РИНА Милкица Илиќ од Белград.

Таа посочува дека разликата во цените е повеќе од очигледна. На самите патеки, четири кафиња чинеле помалку од 10 евра, додека целосен оброк за четири лица околу 30 евра. За споредба, во хотел во српски скијачки центар, за два бургери, два кроасани и два цедени сокови платиле исто толку.

Посебен впечаток, според туристите, остава и квалитетот на хотелските услуги во Банско. И покрај пониските цени, нивото на услуга е високо, а речиси секој хотел со три ѕвездички нуди базен, спа и велнес центар, ски-соба и организиран превоз до гондолата. Цените за сместување започнуваат од околу 20 евра по ноќ за едно лице.

Банско, како што велат посетителите, не е наменето само за искусни скијачи, туку и за почетници, благодарение на добро одржуваните патеки и разновидната понуда, која одговара на сите нивоа на скијачки вештини.

Курир.рс

Слично

Поврзани вести