Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СКАПАНИОТ СИСТЕМ НЕМА ДА ИСПОРАЧА БЕЗ ГРАЃАНСКИ ПРИТИСОК“: Се огласи и екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров

„СКАПАНИОТ СИСТЕМ НЕМА ДА ИСПОРАЧА БЕЗ ГРАЃАНСКИ ПРИТИСОК“: Се огласи и екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Без една револуција на совеста, кај секој од нас, прво дома пред огледало, нема ресет. Посебно за нашата генерација, тие кои не успеавме на младите да им обезбедиме колку толку функционална држава, барем таква каква што имавме кога ние бевме студенти, објави на фејсбук, Никола Димитров.

„Потоа, да не се лажеме, меѓу притисок врз скапаниот систем и некакво чекање во надеж дека конечно тој ќе испорача без притисок, нема никаква дилема.

И со најдобри намери, скапаниот систем нема да испорача без граѓански притисок. Со години граден на погрешна партиска основа, на замижување, на слепа лојалност наместо на интегритет и квалификации, тој тешко дека ќе се бори самиот со себе.

Затоа, повиците младите да молчат не само што се крајно несоодветни - оти токму младите имаат огромно право да грмнат барајќи саглам држава - туку се повици за статус кво, да биде како до сега.

Не, тоа што нам ни треба сега е обратно од тишина. Гласност, гласно граѓанство предводено од младите кое ќе ѝ диши во врат на власта. И ако власта е мудра и искрено сака системски промени, од едно такво гласно и одлучно граѓанство ќе направи сојузник“, напиша тој на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести