СКАПА „ЉУБОВ“: Го гушнал Шолц, па сега треба да плати казна од 4.500 евра
Германски суд казни еден маж затоа што се вмешал во придружбата на германскиот канцелар Олаф Шолц во 2023 година и го прегрнал додека се подготвувал да се качи во авион во Франкфурт, јавува германската новинска агенција ДПА.
Педесетгодишен маж е казнет со парична казна од 4.500 евра и две ипол години забрана за возење поради загрозување на патниот сообраќај, соопшти агенцијата. Името на човекот не е објавено бидејќи е спротивно на германските правила за приватност.
Прегратката била причина за истрагата на обезбедувањето на Шолц. Канцеларот не беше повреден. Прегратката се случи за време на враќањето на Шолц во Берлин по прославата на 25-годишнината од Европската централна банка.
Кабинетот на германскиот канцелар во заминување соопшти дека тој не се чувствувал „загрозен во ниту еден момент“.
Пријавениот бил под дејство на дрога и е само делумно одговорен. Тој се извини за своите постапки.
Бизпортал.рс