„СКАПА ЦЕНА ПЛАТИВМЕ И ПЛАЌАМЕ“: И актерот Јовановски кој е дел од осудените за 27 април со реакција
Апелација го отфрли барањето за повторно судење на случајот за осудените на 27 април, се огласи и актерот Владо Јовановски кој исто така беше еден од осудените за инцидентот.
Тој вели дека скапа цена платиле и се уште плаќаат заради тоа.
„Како во бајките, маќеата/маќеите, ни дадоа црна волна, да ја переме на реката и да ја направиме бела!
Да се живи и здрави маќеите и на нога да се', за да си ја дочекаат правдата, за да не се вадат на старост и на деменција.
Убаво ќе беше, оваа неправда која ни се случи на нас и на нашите семејства да беше бајка.
Ама не е'.
Скапа цена плативме и плаќаме.“, напиша тој.
Слично
