Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Скандалозно, без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста“: Левица тврди дека се врши 'режимска пракса на политички прогон“

„Скандалозно, без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста“: Левица тврди дека се врши 'режимска пракса на политички прогон“

Опозиционерите до Левица утрово обвинуваат за „режимската пракса на политички прогон“. Преку соопштение до медиумите укажуваат дека „каде пратеници од ДПМНЕ влечат по судови членови на Левица, во обид да се замолчи единствената опозиција“.

- Пратеникот од власта од ДПМНЕ - Александар Јамалов, го тужи опозицискиот советник од Левица, Игор Смилев, поради објава за непотизам. Тој во прекршочна постапка го тужи советникот од Левица за предизвикана навреда, клевета и нанесување на душевна болка, поради дадена изјава во којашто Смилев изјавил дека сопругата на Јамалов била вработена во СВР - Велес.

Дополнително, Јамалов воопшто не се појави на рочиштето против советникот од Левица. Скандалозно е што без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста, по ,,налог" на судијката Лорета Тодорова, која забрани влез за новинари! - се наведува во соопштението на Левица. 

Притоа додаваат дека „сепак, советникот Смилев од Левица повторно потенцира дека ваквите режимски обиди нема да го замолчат, затоа што непотизмот е канцер на македонското општество“. 

Опозиционерите потоа посочуваат дека ова не е изолиран случај на политички прогон и насилие од страна на владејачките структури на ДПМНЕ и затоа Левица им порачува дека вака само не' охрабруваат да бидеме погласни против нивното партизирано и непотистичко владеење и дека борбата допрва почнува.

Слично

Поврзани вести