Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО - затвореник земал пари од вработени во затворот со ветување дека ќе ги префрли во МВР, тој, пак, тврди дека нив им давал пари

СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО - затвореник земал пари од вработени во затворот со ветување дека ќе ги префрли во МВР, тој, пак, тврди дека нив им давал пари

Управата за извршување на санкции, во вторникот минатата недела, односно на 19 септември годинава, извршила вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени.

„Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна, дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР.  Вкупната сума од 4000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар Сити мол. Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарааа и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Во однос на  осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција, поради што не можело да се проверат неговите наоди. 

„За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки  за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка.

До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа“, нагласуваат од Правда во соопштението.

Слично

Поврзани вести