СКАНДАЛ ВО ТЕТОВО: Наместо на сметка, 39.000 евра завршиле кај банкарска службеничка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка.
Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.
Оштетениот на 18 ноември 2025 година повторно отишол во банката, каде по средба со овластено лице од филијалата истиот ден му бил вратен дел од парите. За преостанатиот износ бил упатен кај управител на правно лице, кој исто така му вратил дел од сумата, но не и целокупните 39.000 евра.
СВР Тетово информира дека за случајот е поднесена кривична пријава против Б.Б.И.
