Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ НА ЗАДУШНИЦА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата привела маж облечен во мантија кој изведувал обреди

СКАНДАЛ НА ЗАДУШНИЦА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата привела маж облечен во мантија кој изведувал обреди

Полицијата на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров привела маж облечен во мантија, кој изведувал обреди.

Од полицијата потврдија дека се работи за Б.П., кој е затекнат како врши верски активности, а против него се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 1 ноември 2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата. 

Од полицијата не соопштуваат детали, освен дека случајот е во постапка.

Слично

Поврзани вести