СКАНДАЛ: Анестезиолог во тетовската болница снимал пациентки и ги објавувал на Тик Ток, полицијата го уапси
На социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на гинеколошкото одделение во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ21.
Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.
По објавата, анестезиологот, како што објави телевизијата, бил приведен. а вчера вечерта се огласи и директорот на болницата Пелумб Вела, кој го пријави овој случај во полиција.
Тој од пред СВР Тетово за ТВ21 истакна дека го осудува овој случај и дека очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.
„Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите“, рече Вела.
