СЈО води уште една предистражна постапка
Во Специјалното јавно обвинителство се води предистражна постапка за Албанскиот театар.
Министерството за култура одлучи да го испрати на разгледување во Владата посебниот извештај за реконструкцијата на Албанскиот театар.
Министерот Асаф Адеми на денешниот брифинг со новинарите посочи дека по консултација со службите е одлучено извештајот да се разгледува на владина седница. Документот на 30 страни ќе биде препратен до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, затоа што СЈО води обемна предистражна постапка за „Скопје 2014“ која ја опфаќа и санацијата на Албанскиот театар која трае скоро пет години.
Работната група која беше формирана по барање на Министерството за култура, напиша неколку заклучоци, а дел од нив се однесуваат и на водењето на тендерските постапки за театарот.
