Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: ВМРО-ДПМНЕ переле пари и незаконски се финансирале

СЈО: ВМРО-ДПМНЕ переле пари и незаконски се финансирале

Од Специјалното јавно обвинителство денеска соопштија дека  „Талир“, „Траекторија “ и „Тревник“ се нови  истраги. 

Во првата  постои сомневање за перење пари. 

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева вели дека лица од партија направиле злоупотреба за лични мотиви. 

Тие компромитирале имот кој го поседува партијата, и го нарушиле угледот на партијата. 

Станува збор за ВМРО-ДПМНЕ. Направена е злоупотреба на службена положба. 

Формирана била група на луѓе кои се занимавале со перење на пари. Имало готовински уплати и злоупотреба на податоци на членови. 

Речиси 4.900.000 евра се внесени на овој начин, додава обвинителката Фатиме Фетаи. 

„Незаконски стекнатите парични средства биле користени за намирување на обврските кои дел од осомничените ги преземале во име на партијата“ - изјави Фетаи. 

Со овие пари се плаќале сметки, хотели, се купувало имот и слично. 

Обвинителката Фетаи вели дека за случајот Сопот лице било наведено да даде лажен исказ и со тоа се вршело тортура, при што сведокот имал последици по психичкото здравје. Делото вели Фетаи застарело во 2008 година, но доказите и фактите имаат директни импликации за постапката која се води пред Основен суд Скопје 1 Скопје. 

Вели дека се бараат сторителите на ова кривично дело, но поради тајноста нема да дадат детали. 

Фетаи рече дека во „Тревник“ станува збор за градење на три викенд куќи во Зелениково спротивно на законот. Се градело, па дури потоа била издадена дозвола за градба што е казниво со закон/  

„Траекторија“ е против четири лица, високи владини функционери кои презеле повеќе дејствија со кои за изградба на делниците Миладиновци - Штип и Кичево -Охрид нанеле штета на буџетот на Република Македонија“ - вели Фетаи. 

Осомничените воделе разговори само со една фирма за изградба на овие делници. 

Обвинителската Јанева рече дека СЈО е на вистински пат со справување на криминалот, и бараат од новото парламентарно мнозинство да им овозможи до крај да ги истражат наводите од „бомбите“.  Јанева смета дека ја оправдала довербата,  но и нејзините колеги кои работат професионално. Ќе продолжат интензивно да работат на отварање на истраги и поднесување на обвиненија. Сите субјекти кои поседуваат незаконски следени разговори ги повика да ги достават до нив. 

Слично

Поврзани вести