Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО влезе и во Министерството за култура - го „чешлаат“ „Скопје 2014“?

СЈО влезе и во Министерството за култура - го „чешлаат“ „Скопје 2014“?

Специјалното јавно обвинителство заплени документација од Министерството за култура. 

Оваа информација ја потврдија денеска од СЈО. 

„Документите се дел од предистражна постапка која сега не би ја коментирале поради тајноста на предистражните постапки“ - објаснуваат од СЈО.

Се претпоставува дека се работи за документација која се однесува на проектот „Скопје 2014“. 

СЈО утре ќе одржи прес-конференција на која ќе се објават детали за две нови истраги.

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска на 29 август беше на распит во СЈО, по што немаше официјална информација за кој случај беше повикана министерката.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски беше на распит во СЈО за сомнежи за криминалите на власта поврзани со „Скопје 2014“. 



Слично

Поврзани вести