Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО влегло во МПМ - ќе го проверуваат работењето?

СЈО влегло во МПМ - ќе го проверуваат работењето?

Истражители од Специјалното јавно обвинителство денеска влегле во издавачката куќа Медиа принт Македонија, објави интернет порталот Призма. 

Од СJO ниту демантираат, ниту потврдуваат и посочуваат дека не можат да изнесат повеќе информации во јавноста, затоа што станува збор за предистражна постапка. 

Неофицијално се истражува финансиското работење на компанијата во чија сопственост се весниците „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“.

Вработените  од весниците денеска излегоа на генерален штрајк во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Новинарите штрајкуваат поради задоцнети плати, но и други проблеми при секојдневното функционирање на весниците.

Слично

Поврзани вести