Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО, судии, сведоци, обвинети и адвокати заминаа во Миладиновци кај „опелот“

СЈО, судии, сведоци, обвинети и адвокати заминаа во Миладиновци кај „опелот“

Во депото на Агенцијата за управување со одземен имот во близина на скопското село Миладиновци, судиите од Кривичен суд Огнен Ставрев и Осман Шабани и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, вршат увид на автомобилот „опел омега“, кое е дел од доказниот материјал за „Монструм“.

Во моментов се проверува дали има калници на возилото, дали недостасува некоја лајсна, а се утврдува и бројот на шасијата. 

На вештачењето се присутни и обвинети во случајот „Монструм“, како и адвокатката на семејствата на жртвите дафинка Ивановска. 

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани рече дека од МВР возилото во депото е донесено на 1 ноември 2012. Возилото било примено без регистарски таблички, а има налепница на задниот браник.

На претходните рочишта за „Монструм“ беше сослушан загрозен сведок, кој исказот го даде од друга просторија со мутиран глас и заматена слика.


Слично

Поврзани вести