СЈО со полни раце работа во 2018 година
Во првите два месеци од 2018 година специјалните обвинители од СЈО треба да се појават на вкупно 34 судски рочишта за нивните предмети.
Во Кривичниот суд во јануари се закажани 12 рочишта, а во февруари 22.
Прво е предметот за нелегалното прислушување „Тврдина-Таргет“ на 17 јануари. Во овој предмет обвинети се ексидректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерката Гордана Јанкулоска, поранешниот началник на Мијалков, Тони Јакимовски, како и бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Претходното судење беше одложено затоа што адвокатот на обвинетата Валентина Стевановска, Миле Петровски, беше ангажиран да го брани бизнисменот Сеад Кочан во случајот „Труст“. Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска во јануари и февруари закажа 7 рочишта и едно во март, а судењето за овој предмет е при крај. Останува изведувањето докази на одбраната и завршни зборови.
