Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО со набиена агенда: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ на листата за распит

СЈО со набиена агенда: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ на листата за распит

Специјалното јавно обвинителство за следните неколку недели ќе има турбо работа.

Во текот на вчерашниот ден на прес конференција, пратеникот од владеачката гарнитура Антонио Милошоски информираше дека СЈО повикало функционери од партијата на Никола Груевски на распит.

Милошоски апелира до сите повикани уредно да се пријават и да дадат исказ.

Тој исто така вели дека со повикувањата да сведочат, СЈО нема да ги заплаши.

„Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, како тече обично разговорот помеѓу некој од тимот на Катица Јанева и одредени луѓе кој што се повикани од ВМРО-ДПМНЕ, најчесто им викаат: „Никој нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава како што ни е потребна, доколку не следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме, ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството“, посочува Милошоски.

За Милошоски СЈО со притисок се обидува да натера  луѓе кој што се поканети, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат лажни искази во врска со одредени предмети, кој што СЈО политички ги конструирал.

Слично

Поврзани вести