Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО се светла точка која треба да се следи како пример

СЈО се светла точка која треба да се следи како пример

Каква е улогата на жените во локалните избори во земјава. Застапени ли се, добиваат ли доволно простор, ги прифаќа ли општеството или ги дискредитира… На овие прашања, тимот на Женски Магазин ќе се обиде да добие став од дами, успешни во своите професии.

Можат ли дамите да бидат еднакво умешни на градоначалничката функција? Какво е вашето искуство како новинар? Дали дамите на оваа функција биле подостапни и поодговорни во однос на граѓаните и медиумите?

На ова прашање Душица Мрѓа, новинар во Tелевизија 24, за Женски Магазин одговори вака: 

„Жените можат да бидат добри во се што прават и повеќе од мажите. Иако умешноста да се биде реално добар или пак не во работата која се работи,нема врска со родовата припадност.Туку со образованието, знаењето, трудот, посветеноста, професионалноста, кои сами по себе не смеат да бидат заменети со партиското полтронство. Карактеристики кои ретко се гледаат на македонската политичка сцена.Таму недостига во изобилие политичка култура. Особено што јавната функција се третира како подарок од лидерот, дури и за оние функции за кои кандидатите ги бираат граѓаните. Ако не ја предложил лидерот, немало да биде ниту да доживее да биде избрана, а самата да се предложи не доаѓа предвид. 

Па така избраната функционерка (во случајот градоначалничка) прво полага сметки пред лидерот (кој секако е маж, бидејќи во земјава,поинаку за жал „не може“ да биде, освен еден исклучок во минатото),а потоа и пред граѓаните.

Македонија за жал сè уште чека носител на јавна функција кој ќе блесне од воспоставениот партиско -политички жабарник.

Целото интервју читајте го тука.

Слично

Поврзани вести