Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО се огласи за предметите по кои постапува ама бараат и спас од Заев за работните места

СЈО се огласи за предметите по кои постапува ама бараат и спас од Заев за работните места

СЈО е подготвено да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази . За ова преку соопштение известија од институцијата која произлезе од Пржинскиот договор.

Имено од СЈО наведуваат дека до скопското обвинителство доставиле известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

Oд друга страна вработените во СЈО со писмо до Заев побарале спас за работните места.

Стручниот, административниот и помошно-техничкиот персонал во СЈО испрати писмо до премиерот Зоран Заев, претседателот на државата, Стево Пендаровски, министерката за правда Рената Дескоска и амбасадорите на ЕУ, САД и Холандија во земјава, во кое пишува дека се разочарани затоа што лебди нивниот работен однос додека сè уште е неизвесна судбината на ова Обвинителство, пренесе  „А1он“.

Во писмото  вработените во СЈО пишуваат дека прифатиле да работат
во време на безбедносен ризик за нив и за нивните семејства со надеж за владеење на
правото и дека еден дел од нив имаат договори на определно време до укинување на
Обвинителството, односно до 15 септември 2020 година.

Слично

Поврзани вести