СЈО приложи докази за автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид
Специјалното јавно обвинителство денеска ја приложи доказната документација за автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид за кои во случајот „Траекторија“ обвинетите се товарат дека нанеле штета на буџетот од 155 милиони евра.
На рочиштето се прикажани консултантските услуги за концесија на патиштата со наплата на патарина, заедно со финансиски извештај и правна рамка.
Случајот „Траекторија“ се уште е во доказна постапка, а обвинението тврди дека во 2012 и 2013 превзеле нерегуларни дејства во изборот на компанија за изградба на автопатите.
Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП „Државни патишта“ Љупчо Георгиевски.
