Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО повторно му „дише во врат“ на Сеад Кочан, притворот треба да е неизбежен

СЈО повторно му „дише во врат“ на Сеад Кочан, притворот треба да е неизбежен

Откако Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на СЈО за неприфаќање на паричната гаранција на бизнисменот Сеад Кочан, тимот на Катица Јанева повторно ќе постапува и уште еднаш ќе побара Кривичниот суд да изрече мерка притвор за првоосомичениот во предметот „Труст“.

„Сакаме господинот Сеад Кочан да оди во притвор. Тоа е нашиот став. Ова сега е судска работа, ако не викнат ние ќе го повториме нашиот став, бидејќи е осомничен во нашиот случај“, изјави Катица Јанева. 

Од Кривичниот суд пак велат дека се неточни наводите дека првостепениот суд повторно ќе одлучува за мерката притвор, оти Кривичниот совет при скопска Апелација ја прифатил жалбата на СЈО и го укинал решението на судија на претходна постапка само во делот на гаранцијата, но не и за мерката притвор, пренесува ТВ 24.

„Во однос на точка еден од решението на судија на претходна постапка со која се одбива предлогот на СЈО за определување мерка притвор против осомничениот С.К., како и точка три од решението на судија на претходна постапка со која се определуваат мерки на претпазливост против осомничениот, остануваат непроменети.“

Апелација ја оспори гаранцијата од 900 илајди евра што ја понуди Кочан, со образложение дека првостепеното решение со кое му е уважена има нејаснотии во делот на понудените хипотеки, и доказите за основаноста на понудената гаранција. Гаранцијата што ја понудила одбраната се состои од хипотека на недвижениот имот на Телевизијата Нова, чиј сопственик е Кочан за што не била побара согласност од управителот,  уште еден недвижен имот и возило марка Мерцедес, за кое нема наведено ниту број на сообраќајната дозвола, ниту кој е сопственик. 

Слично

Поврзани вести