Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО поднесе жалба за укинување на притворот на битолскиот градоначалник

СЈО поднесе жалба за укинување на притворот на битолскиот градоначалник

Специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе жалба по однос на решението со кое е одбиен предлогот  за продолжување на притворот за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е осомничениот во случајот „Транспортер“. 

„Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување на одлуката со која е одбиен предлогот на ова Обвинителство по однос на мерката притвор, учествувал судија кој морало да се изземе бидејќи веќе еднаш одлучувал во истиот предмет“ - стои  во соопштението од СЈО.

По однос на решението на Врховниот суд Скопје, со кое е укинат притворот за Талески и е заменет со мерка на претпазливост, СЈО нема право на жалба.

Апелациониот суд вчера ја уважи жалбата на одбраната на Талески и не му го продолжи куќниот притвор. Тој мора да се јавува секој работен понеделник и петок кај овластено службено лице во Основениот суд во Битола.

Талески е осомничен за злоупотреба на пари за превоз на ученици поточно за 360.000 евра. 


Слично

Поврзани вести