СЈО побара мерка притвор за Мијалков
Специјалното јавно обвинителство побара мерка притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, по пресудата од три години затвор во случајот „Титаник2“ за влијание во Државната изборна комисија за повторно прегласување на локалните избори во 2013-та.
Мијалков беше присутен на изрелувањето на пресудата. Ова е првостепена пресуда, по што се очекува жалба од неговата одбрана. Ова е прва воопшто пресуда против поранешниот директор на УБК.
Обвинителката Фатиме Фетаи ова го побара поради стравување дека постои можност за негово бегство од земјата.
Во моментов Мијалков се брани од слобода по предметот „Империја“ откако Врховниот суд го укина куќен притвор.
Максимална казна затвор која му се закануваше на Мијалков беше пет години затвор според обвинението.
