Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: Откриени 66.909 избришани аудио фајлови, се одвојуваат приватните разговори

СЈО: Откриени 66.909 избришани аудио фајлови, се одвојуваат приватните разговори

СЈО објави дека открило уште 66.909 избришани аудио фајлови, со тоа што вкупната бројка на аудио фајлови стана 606.555. 

Анализирана е содржината на 272.950 аудио фајлови или во обработка се 45% од вкупниот број на аудио фајлови, од кои за 90.618 аудио фајлови со времетраење од 2.030 часа се утврди дека станува збор за приватни разговори.

„Во тек е одвојување на приватните разговори од разговорите кои се во обработка. Од вкупниот број на анализирани разговори 272.950 издвоени се 90.618 аудио фајлови со времетраење од 2.030 часа за кои се утврди дека станува збор за приватни разговори“-с е вели во соопштението.

СЈО во моментов работи 68 предмети во предистражна постапка врз основа на неовластени преслушувани разговори во вкупно траење од 13.200 часа, се наведува во најновиот шестмесечен извештај на СЈО.

Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи. 

Вкупната бројка на лица против кои се водат истражни постапки од формирањето на СЈО до денеска е 112 лица.

Слично

Поврзани вести