Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО остро ги демантира наводите за поврзаност со СДСМ

СЈО остро ги демантира наводите за поврзаност со СДСМ

Специјалното јавно обвинителство преку соопштение најостро ги демантираше наводите за поврзаност на обвинителството со СДСМ, искажани денеска во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа прилика укажуваме дека ова Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ“ -се наведува во  соопштението од СЈО.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со внимание и одблиску ги следеле како што напишаа тенденциите на партискиот огранок на СДСМ наречен СЈО во случајот со обидот за “незаконско одредување притвор на сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан“.

Слично

Поврзани вести