Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО остро ги демантира наводите дека врши притисок врз медиумите

СЈО остро ги демантира наводите дека врши притисок врз медиумите

Специјалното јавно обвинителство повторно демантира дека врши притисок врз медиумите откако вчера по нивната објава на четири нови истраги се соочи со медиумски бојкот и напади дека прави обиди да го оттргне вниманието од Тиранската платформа пред се од провладините мегафони.

- Целосно ги демантираме наводите на повеќе медиуми дека ова Јавно обвинителство со својата работа прави притисок на медиумите и влијае на слободата на информирање.

Појаснуваме дека пред ова Јавно обвинителство се водат истражни постапки за повеќе предмети во кои се опфатени лица кои се поврзани со дел од медиумите. Предмет на ваквите истражни постапки е испитување дали овие лица сториле кривични дела во рамки на нивното работење како сопственици и управители во други правни лица, а не во медиумите со кои се поврзани. Фактот што се работи за лица кои се поврзани со дел од медиумите не ги иззема овие лица од кривична одговорност, бидејќи сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.

Уште еднаш јасно повторуваме дека пред ова Јавно обвинителство не се отворени и не се водат истражни постапки против ниту еден медиум. Воедно укажуваме дека ова Јавно обвинителство силно го поддржува начелото на транспарентност и слободата на информирање на граѓаните за сите прашања кои се од нивен интерес, соопштија од СЈО.

Слично

Поврзани вести