Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО од Општина Аеродром ја одзеде документација водена додека градоначалник бил Ивица Коневски?

СЈО од Општина Аеродром ја одзеде документација водена додека градоначалник бил Ивица Коневски?

Специјалното јавно обвинителство влезе во Општина Аеродром. По краток увид, специјалните истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник бил Ивица Коневски, oбјави Макфакс. Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена.

Од СЈО не кажуваат дали подготвуваат истрага за ексградоначалникот Коневски. Од таму кусо ни рекоа дека доколку предметот е во предистражна постапка, не можат да дадат никакви детали.

Слично

Поврзани вести