Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: Недозволиво е институции да даваат увид во барања за лица кои се предмет на истрага

СЈО: Недозволиво е институции да даваат увид во барања за лица кои се предмет на истрага

Од Специјалното јавно обвинителство индиректно ги потврдуваат тврдењата на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски дека од државни институции се побарани информации за неговата имотна состојба.

Во соопштението до јавноста од СЈО потенцираат дека недозволиво е државни институции да им овозможат увид на лицата за кои се вршат проверки во видот и карактерот на проверките кои ги врши ова Јавно обвинителство, согласно законските овластувања и прописи.

„СЈО води повеќе предистражни постапки кои за цел имаат спроведување на финансиски истраги против поголем број на физички и правни лица. Целта на овие предистражни постапки е да се провери имотната состојба на сите лица за кои се отворени постапки и нивното севкупно финансиско работење. Проверката на имотната состојба подразбира детални проверки за целокупниот имот што лицата може да го поседуваат и тоа, како недвижен, така и подвижен имот“, велат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Меѓудругото, оттаму посочуваат дека се испратени голем број на барања до различни институции, со напомена дека бараните податоци се во врска со предистражни постапки. Предвид наведеното укажуваме државните институциите да преземат мерки со кои ќе се оневозможи јавно објавување на податоци за предистражни постапки кои, согласно законските прописи, се тајни.

Слично

Поврзани вести