Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО на јавна седница на Апелација ќе може да се „жали“ за одбиените притвори

СЈО на јавна седница на Апелација ќе може да се „жали“ за одбиените притвори

Доколку СЈО побара, Апелациониот суд може да одржи јавна седница на која тимот на Катица Јанева ќе може да ги даде своите аргументи за одбиените притвори за десетина обвиненија кои Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги одби. Сепак, се уште се чека жалбите на СЈО да бидат комплетирани и поднесени до Апелеација, посочуваат од Кривичен.

Од Апелациониот суд велат дека не можат да коментираат ништо пред да ги добијат предметите со цел да утврдат што содржат жалбите и дали има одговор на истите. Јавна седница може да побараат и двете странки во предметите.

СЈО поднесе 30 жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени сите 18 барања за притвор за обвинетите во седумнаесетте обвиненија кои Јанева ги поднесе пред истекот на рокот од 18 месеци. За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, случаите на СЈО имаат цел да го омаловажат него и да ги деградираат неговите партиски соработници. Груевски никогаш немал намера да бега од државата. 

„СЈО година и пол објавува дека ќе добиеме обвиненија. Во меѓувреме реализирав бројни патувања и се враќав од патувањата во странство. Само во јуни имав патувања во четири до пет држави и се вратив. Ако сакав да избегам, а знаев дека на 28, 29 или 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе обвиненијата без никакви докази, но не ми паднало на памет да бегам. Се работи за политичка хајка која се води против мене лично, против моите соработници и против партијата за да не деградираат и омаловажат, да не стават во нерамноправна положба“, изјави Груевски. 

СЈО бараше притвор за лидерот на опозицијата Груевски и поранешни функционери од раководството на партијата Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца функционери од ДУИ – Исмет Гури и Ејуп Алими. Наместо притвор, на обвинетите им беа одземени пасошите а за некои од нив беа определени и други мерки за претпазливост.

Извор: ТВ 24


Слично

Поврзани вести