Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО „копа“ по документите на А1 и владата

СЈО „копа“ по документите на А1 и владата

СЈО „копа“ по документите кои се однесуваат на А1 телевизија и договорите за рекламирање и останатите односи со претходните влади додека медиумот беше активен. 

Наводно СЈО за службени потреби бара од стечајниот управник на А1 телевизија да им достави термински и медиа планови за набавка на услуги – купување на термини за емитување спотови, кампањи, соопштенија и други видео записи каде како нарачател се јавува Владата или друго правно лице, а за потребите на Владата.

Се наведува дека СЈО ги бара податоците кои се однесуваат на периодот од 2008 до 2015 година.

А1 телевизија згасна неколку месеци по затворањето на нејзиниот сопственик Велија Рамковски за повеќе точки на финансиски криминал и други поврзани кривични дела. Сега се говори дека Рамковски планира повторно да отвори телевизиски медиум во Македонија штом излезе од затвор. Тој беше осуден на 12 години, но откако одлежа две третини и со барање за добро поведение ќе може од судот да добие предвремен отпуст.

Слично

Поврзани вести