Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО контра Врховен - Нема да постапат по нивното барање за информација

СЈО контра Врховен - Нема да постапат по нивното барање за информација

Специјалното јавно обвинителство со свое соопштение одговори на барањата на Врховниот суд дека откриле доверливи инофрмации во јавноста и дека не постапувале по нивното барање.

- Со оглед на тоа што од страна на повеќе медиуми беше изразен интерес за реакција на ова Јавно обвинителство во врска со денешното соопштение на Врховниот суд на Република Македонија, појаснуваме дека барањето за информација кое е упатено од страна на Врховниот суд се однесува на обезбедување информација поврзана со барање за изземање на судија од тој Суд.

Согласно Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејствие е прибавувањето на изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кого е барано изземањето, ова Јавно обвинителство нема да обезбеди одговор со цел да не се влијае на исходот на постапката.

Појаснуваме дека сме свесни за итноста на постапките и дека со нашите дејствија не се одолговлекуваат постапките. Воедно апелираме за соодветна примена на начелото на итност и при постапување со барањата на ова Јавно обвинителство, велат од СЈО.

Претходно од Врховниот суд беше соопштено дека на 10 април било објавено соопштение во кое не беа наведени подетални податоци за тоа каква информација е побарана од СЈО затоа што барањето на судот има ознака доверливо.


Слично

Поврзани вести