СЈО ќе води „Сопот“ пред судот
Специјалното јавно обвинителство донесло одлука да го презеде предметот Сопот од јавното обвинителство случајот е преземен од одделението за организиран криминал и корупција.
Адвокатот Насер Рауфи, за ТВ 21 потврди дека добил известување од Специјалното обвинителство во кое се наведува дека е донесена одлука, на следното рочиште кое ќе се одржи во септември, обвинители од тимот на Катица Јанева да го застапуваат предметот. Во случајот Сопот, единаесет жители од истоименото кумановско село, беа осудени за тероризам и добија вкупно 150 години затвор.
Се товареа дека во март 2003, подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. При експлозијата загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски цивил. СЈО го бараше овој предмет бидејќи има јавно објавени прислушувани разговори.
