СЈО ќе се жали на денешната одлука за Латас
Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба на денешната првостепена пресуда на Основен суд Скопје, кој донесе одлободителна пресуда за Драган Павловиж Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан за бесправно градење на викендички во Зелениково повикувајќи се на Законот за дивоградби во случајот „Тревник“.
- Нема дилема дека ќе жалиме пред Апелациониот суд. За нас обвинението е издржано и основано. Видовте и самите колку докази изнесовме, рече обвинителката Елизабета Јосифовска.
Браќата Павловиќ одобренијата за градба ги добиле во 2013 година и не го нарушиле урбанистичкиот план на Општина Зелениково
Судијката Марија Клетничка обвинетите браќа не се виновни затоа што не сториле кривично дело според закон.
Слично
