СЈО ќе поднесе жалба за притвор во „Трезор“
Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба на одлуката на судија на претходна постапка да не одреди притвор за поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујoвски од случајот „Трезор“.
Совет од Основниот суд Скопје 1 ќе ја разгледува жалбата и во рок од 48 часа ќе треба да се произнесе дали ќе го прифати барањето на СЈО или не.
Отфрлањето на притворот беше експресно донесено во петокот со образложение дека барањето било неосновано.
Во „Трезор“ осомничени се четири лица, од кои за едно СЈО бара одредување притвор, а за другите три бараше одредување мерки на претпазливост.
Слично
