СЈО ќе истражува како се переле пари во Македонија
Од Специјалното јавно обвинителство денеска на прес-конференција соопштија дека поединци и други министерства работеле спротивно на законите, со што одредени правни и физички лица се стекнале со имотна корист на сметка на Буџетот на Република Македонија.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева изјави дека ќе се утврди како се переле пари во земјава и во истото биле вмешани високи функционери.
Ова е почеток, а понатаму истрагите ќе се прошират, рече Јанева.
Јанева ги повика и граѓаните да соработуваат затоа што сето ова влијае на сиромашното живеење во земјата, а упати и апел до институциите без одлагање во што покус рок да им одговорат на барањата.
Слично
