СЈО ќе бара мерки за претплазливост за осомничените во „Трезор“
Од СЈО денеска ќе поднесат барање до судот за мерки за претплазливост за лицата кои се осомничени во „Трезор“.
„Оваа истрага е штотуку отворена. Обвинение не знаеме кога ќе биде отворено. Треба да се преземат истражни дејствија“- вели Ленче Ристовска од СЈО.
На прес-конференцијата беше кажано дека опремата која е набавена од Велика Британија за УБК не е уништена. Со набавка на опремата е оштетен буџетот на државата.
За најавите од власта дека ако обвинителката, Катица Јанева не дојде на комисиска расправа, нема да ги прифатат барањата на СЈО, Ристовска рече дека Јанева одговорила на многу прашања, а повеќето воопшто не се однесуваа на извештајот.
„Ние не сме тука да ни се поставуваат ултиматуми“ - рече Ристовска.
Таа вели дека Јанева ја исполнила својата обврска.
