Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО: Јавни обвинители и истражители ноќеска ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање

СЈО: Јавни обвинители и истражители ноќеска ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање

Јавни обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство ако е потребно ноќеска ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се додека не си ја завршат работата. 

Од СЈО велат дека наишле на опструкции и бараат специфична информација која е клучна за нив. 

„Продолжува работата во Управата за безбедност и контраразузнавање. И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење. Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба. Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата.  Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и заменскиот министер,  Оливер Андонов“ - информираат од СЈО на Фејсбук. 

Тим на СЈО  од 11 часот е во просториите на УБК, каде што се истражува кој и како прислушувал, дали тоа го правело УБК или странски служби. Специјалната обвинителка, Катица Јанева кажа дека цел ден наидуваат на опструкции и дека затоа што од осми март барале податоци, но ништо од Управата не им било доставено, денеска таму влегле со две судски наредби.


Слично

Поврзани вести