Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ја заврши истрагата во Охрид, се очекува оформување на судски предмет

СЈО ја заврши истрагата во Охрид, се очекува оформување на судски предмет

Истражителите на Специјалното јавно обвинителство без оглед на сите притисоци кои ги добија од членството на ВМРО-ДПМНЕ ја завршија работата во Охрид и спроведени се сите планирани дејствија на сослушување на околу 200 осомничени или сведоци од донаторите на партијата, пренесува ТВ 24.

Оттаму посочуваат дека анализата на донаторските активности од 2014 - та ќе продолжи и понатаму, a како во иднина ќе се спроведуваат законите останува тајна.

Вмровскиот пратеник Љубен Арнаудов во телефонски разговор вели дека останува на истиот став, нема да ја прифати поканата за распит и ќе се брани со молчење. И тој и сопартијците се во исчекување на следните потези на СЈО и не сакаат да ги коментираат деталите.

СЈО претходно напомена дека веќе била нарушена тајноста на постапката, а кривичниот закон за непојавување на сведок на распит, предвидува присилно приведување или парична казна од 200 до 1200 евра во денарска противвредност.


Слично

Поврзани вести