Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО ЈА ПОПРАВИ ГРЕШКАТА: Доказите за Трезор повторно во Судот!

СЈО ЈА ПОПРАВИ ГРЕШКАТА: Доказите за Трезор повторно во Судот!

Специјалното јавно обвинителство денеска попладне до Кривичниот суд ги доставило доказите за случајот „Трезор“

„Предлозите се доставени, откако во текот на денешниот ден како суд ја информиравме јавноста дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик (УСБ) кој неможеше да се отвори, а за кој од наведното обвинителство усно беше соопштено дека доказите ќе може да се разгледуваат само во нивно присуство и само тие ќе имаат право да пристапат до нив“, соопштија од Основен суд 1.

Понатаму се додава дека предлозите, заедно со доказите, повторно се распоредени кај судиите на претходна постапка за понатамошно постапување согласно одредбите од Законот за кривична постапка.

СЈО ја исправи грешката, се вели во соопштението од Основен суд 1, откако утрово  го обвинија специјалното обвинителство дека крие докази и им ги праќа кодирани на УСБ. 

Претходно, од Специјалното обвинителство усно им посочиле дека не смеат да ги отвораат папките без нивно присуство, велат од судот.

Слично

Поврзани вести