СЈО истражува матни зделки во Охридската болница
Специјалното јавно обвнитиелство (СЈО) почна истрага околу сомнителни тендери за обезбедување на Охридската општа болница. До СЈО биле испратени договори, анекс на договори, налози за плаќање, извештаи, финасиска документација, понуди на понудувачите, планот за јавни набавки како и друга документација од тендерот за обезбедување на болницата кој во 2013 година и` бил доделен на Агенцијата за обезбедување СГС. Во јавноста СГС се поврзува со поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, кој можеше да се слушне и во т.н бомби на СДСМ, за кои надлежно е токму СЈО.
- Согласно законските процедури и законските постапки постапивме. Го бараа целосно тендерот, кој беше тендерска документација за јавна набавака за техничко и патролно обезбедување. Во 2013 година беше спроведен од страна на СГС. Мислам дека околу 300.000 денари беше договорот на годишно ниво - изјави Славица Малеска, директорката на болницата.
Материјалите со целиот тендер бил доставени до СЈО преку пошта, а болницата имала рок од пет дена тоа да го направи.
- Спроведен бил друг тендер во изминатиот период. Јас наследив друга фирма, а не СГС. Се она што е законски за еден тендер кој што треба да се обави, односно целокупната документација се испратија. Друга најава за сега немаме, но секако дека ќе постапуваме према законските процедури - додава Малеска.
Во тоа време директор на болницата во Охрид бил пратеникот Љубен Арнаудов кој од страна на ОЈО беше осомничен за терористичко загрозување на државата за време на настаните во собранието на 27 април минатата година. Тој неделава од затворот Шутка каде беше во три месечен притвор, беше пуштен во домашен притвор. Од СЈО велат дека водат повеќе предистражни постапки кои според законот се тајна, пренесува телевизијата Алсат-М.
